
Прволигашот Брера Струмица ги закажа пријателските натпревари преку кои ќе ја темпира формата за пролетните предизивци кои ќе претстојат пред струмичани.
Првиот пријателски меч Брера го игра во Радовиш против второлигашот Детонит Плачковица на 22. јануари, три дена подоцна следува меѓународен пријателски меч против Марек Дупница од Бугарија, на 29. јануари против Брегалница во Штип.
За 1. февруари е закажан нов меѓународен пријателски меч против Беласица Петрич од Бугарија, меч кој ќе се одигра во Петрич, Бугарија, а „генералката“ ќе биде против Тиквеш на 8. февруари.
Брера Струмица претрпи големи промени во играчкиот кадар, заминаа доста фудбалери, а во следниот период ќе се очекуваат и првите зимски засилувања, со што Брера сигурно е дека ќе ја очекува неизвесна пролет за опстанок во Првата лига. Пролетниот дел струмичани го отвараат во Битола против Пелистер.
Александар Ванев, Струмица Сити