ЖФК Тиверија Брера ги започна подготовките – струмичанки сакаат титула!

Есенскиот шампион во Првата женска фудбалска лига, екипата на Тиверија Брера од Струмица, ги започна подготовките за пролетниот дел каде струмичанки ќе водат борба за освојување на титулата во домашното првенство.

Тиверија Брера одигра одлична есен со одлични резултати за себе, од овој момент започнува нивниот поход кон титулата, а со тоа и обезбедување на излез во Европа. Прволигашот од Струмица е единствениот тим кој во есенскиот дел не забележа пораз односно има учинок од 12 победи и едно реми со најдобар напад кој реализирал 68 погодоци и најдобра одбрана која примила пет погодоци.

Тиверија Брера на своето конто има 37 бодови, Каменица Саса е втора со 33 бодови, а пак актуелниот шампион Љуботен е трет со 31 бод. Овие три екипи ќе ја водат пролетната борба за титулата.

Во следните денови ќе бидат претстави и првите зимски засилувања, а ќе биде објавени и пријателските натпревари кои тимот ќе ги договори за да се темпира формата за пролетниот дел.

Пролетниот дел Тиверија Брера го отвара прротив СЦ Истатов на гостински терен.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.