Александар Коцев се врати во Беласица

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

По шест месеци Александар Коцев се врати во редовите на Беласица и во пролетниот дел ќе го носи дресот на струмичката фудбалска гордост.

Се работи за млад и талентиран играч, кој веќе влезе во клубот 100 на Беласица со над 100 одиграни натпревари.

Коцев ќе претставува големо засилување и освежување во средниот ред и нападот на Беласица за пролетната полусезона во Втората лига.

Беласица веќе ги започна подготовките за пролетниот дел, а истиот го отвара на домашен терен против Арсими.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.