Беласица ги започна подготовките, договорени пријателските натпревари!

Беласица ги започнува подготовките за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига под водство на шефот на стручниот штаб, Александар Стојанов.

Во Беласица се врати Александар Коцев, а доаѓа и Александар Богданоски од Кожуф, двајцата играчи и официјално беа промовирани во редовите на Беласица.

Стојанов го има утврдено планот за подготовки на екипата, а како што веќе објавивме, утврдени се и пријателски натпревари преку кои струмичката фудбалска гордост ќе ја темпира формата за пролетниот дел. Беласица на 17. јануари ќе го одигра првиот пријателски меч против тетовска Шкендија, на 22. јануари ќе игра против Вардар Неготино, три дена подоцна со Детонит Плачковица.

На 28. јануари ќе следува меѓународен меч со Струмска Слава од Бугарија, на 1. февруари против Кожуф, а пак „генералката“ ќе биде против Септември Симитли, меѓународен меч со екипата од Бугарија.

Пролетната полусезона Беласица ја отвара на домашен терен против Арсими.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.