
Второлигашот Беласица од Струмица го промовираше Александар Богданоски како ново зимско засилување за пролетната полусезона.
Се работи за играч кој е роден 2005 година, а кој доаѓа од екипата на Кожуф од Гевгелија, се работи за талентиран играч кој ќе го засили нападот на струмичката фудбалска гордост и ќе биде освежување во тимот.
Пред Кожуф, Богданоски беше дел од екипата на Шкупи.
Пролетниот дел екипата на Беласица го отвара во Струмица на домашен терен против Арсими.
Александар Ванев, Струмица Сити