Брера Струмица на „Благој Истатов“ во Струмица ги започна подготовките

Прволигашот Брера Струмица денес ги започна подготовките за пролетнито дел од сезоната, со првиот тренинг кој се одржа на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Прволигашот со изменет лик ќе настапува во пролениот дел, откако голем дел на играчи заминаа од клубот, а струмичкиот прволигаш разговара за ангажман на нови и млади играчи. На местото на Горазд Михаилов е назначи Тони Атанасов да го води тимот во пролетните предизвици.

Повеќе од јасно е дека Брера Струмица ќе има тешка пролет, бидејќи повеќе екипи ќе водат борба за опстанок, па целта ќе биде собирање бодови и колку што е можно порано обезбедување на опстанокот.

Клубот планира да одигра неколку пријателски натпревари кои ќе бидат повеќе од потребни за воигрување пред се на новите играчи кои ќе пристигнат во Струмица. Пролетниот дел Брера го отвара против Пелистер во Битола.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.