(ВИДЕО) Дедо Мраз ја посети ФК Брера Струмица: 300 деца добија новогодишни подароци

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Во пресрет на празниците, Фудбалскиот клуб организираше традиционално новогодишно дружење за најмладите фудбалери, кое оваа година се одржа во Спортскиот центар Пандев. На настанот присуствуваа деца од генерациите 2012 до 2019 година, кои имаа можност да се сликаат со Дедо Мраз и да добијат новогодишни подароци.

Покрај фудбалерите, новогодишни пакетчиња беа доделени и на најмладите девојчиња од Женскиот фудбалски клуб Брера Тиверија, кои исто така учествуваа во настанот.

Организацијата на ваквиот настан е дел од клубската традиција, која има за цел да ги зближи младите спортисти од различни генерации, поттикнувајќи ги на спортска дружба и пријателство. Оваа година, околу 300 деца се здобија со подароци, а организаторите упатија порака за многу здравје и спортски успех во 2025 година.

Традиционалните новогодишни дружби се важен дел од календарот на клубот, кој активно работи на развојот на младите таленти и изградба на позитивна заедница во спортот.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.