Кошаркарите на Струмица загубија од Работнички 2018

Кошаркарите на Струмица запишаа нов пораз овој пат загубија од екипата на Работнички 2018 со резултат од 75:62, а во рамки на 10. коло од Втората кошаркарска лига.

Струмичани остануваат сега на дното од табелата со една победа и девет порази со 11 бодови на своето конто, а пак Работнички 2018 скокна до десеттото место со 12 бодови.

Во следното коло екипата на Струмица на домашен терен ќе ја бара втората сезонска победа против Бутел.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.