Ракометарите на Астраион загубија на гостувањето во Гостивар, каде во салата „Младост“ беа поразени од Јехона со резултат од 37:30.
Јехона беше фаворит за овој меч и тоа го потврди со сигурна и убедлива победа. Бојан Димовски со 13 гола беше најдобар стрелец кај Јехона, а осум гола имаше Адис Салиу.
Кај струмичани најдобра беше Васе Наков со осум гола, а тола имаше и Александар Цонев.
Со оваа победа Јехона прави чекор напред кон пласман во плеј-офот, а пак Астраион останува претпоследен со два бода.