Кошаркарите на Струмица денес играат против Работнички 2018

Кошаркарите на Струмица денес во рамки на 10. коло од Втората кошаркарска лига ќе се соочат со екипата на Работнички 2018.

Победата е императив и за двете екипи во соочување на двете екипи кои се во долниот дел од табелата. Двете екипи имаат по една победа и осум порази и по 10 бодови на своето конто.

Ова ќе биде вистинско дерби за само втора радост и со тоа напуштање на опасната зона и прогрес кон средишниот дел од табелата.

Натпреварот започнува во 13 часот, а борбата на теренот ќе биде голема.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.