Ракометарите на Астраион денес гостуваат кај Јехона во Гостивар

Ракометарите на Астраион денес имаат незгодно гостување во Гостивар, каде во салата „Младост“ ќе се соочат со екипата на Јехона, која е фаворит, а во рамки на 13. коло од Првата ракометна лига.

Астраион има само една победа и два бодови на своето конто со дури осум порази, а денес ќе се обидат да направи изненадување против фаворитот Јехона, екипа која сака победа за да го потврди петтото место кое води во плеј-оф.

Натпреварот меѓу Јехона и струмички Астраион се игра со почеток од 15 часот, а судиска двојка ќе биде Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов од Скопје, делегат на средбата ќе биде Сашо Младенов од Скопје.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.