Брера Струмица со пораз во Кавадарци од Тиквеш го заврши есенскиот дел во Прва лига

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Брера Струмица со пораз од екипата на Тиквеш во Кавадарци го заврши есенскиот дел во Првата македонска фудбалска лига, со резултат од 2:1.

Во финишот на првиот дел Давид Манасиевски постигна гол за 1:0 на полувреме, а во финишот на мечот пак Кристијан Стојкоски постигна гол за конечни 2:0. На овој меч главниот судија Игор Стојчевски подели три црвени картони, два за домашниот тим, а еден го за гостинскиот тим од Струмица.

Брера есенскиот дел го заврши на делба на седмото место со 19 бодови колку што има Пелистер, а пролетниот дел го отвара токму со Пелистер во Битола на 16. февруари 2025 година.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.