Прва радост за кошаркарите на Струмица, откако го совладаа Водно Санс!

Прва сезонска радост КК Струмица во Втората кошаркарска лига откако струмичките кошаркари беа подобри во рамки на 9. коло.

Во последниот меч од ова коло на натпреварите, Струмица ја забележа својата прва победа. Пред своите верни гледачи во Струмица, тимот славеше минимална победа против младиот состав на Партизан Водно Санс со резултат 78:76.

За домаќините, Исајлоски постигна 14 поени, Милески додаде 11, а Панов реализираше десет. Кај Партизан Водно Санс, Башоски беше најефикасен со 25 поени, Митев постигна 18, Трипуновски придодаде 13, додека Бутемер заврши со 10 поени.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.