Беласица со пораз од есенскиот шампион Македонија ЃП ја заврши есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига.
На последниот меч за 2024 година Беласица на стадионот „Благој Истатов“ со 0:4 загуби од најквалитетниот тим во Втората лига. Симеон Христов беше двоен стрелец во првиот дел за 0:2 на полувреме. Во второто полувреме Крсте Велкоски од пенал погоди за 0:3, а пак Марио Станковски за 0:4.
Беласица есенскиот дел го заврши на 10. место на табелата со 19 бодови, а пролетната полусезона ја отвара на домашен терен против Арсими на 15. февруари.
Александар Ванев, Струмица Сити