Брера Струмица во вторник ќе го дознае противникот за 1/4 финалето од Купот

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Брера Струмица во вторник ќе го дознае противникот за четвртфиналето од Купот на Македонија, откако комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информираше дека во вторник со почеток од 15 часот во „Куќата на фудбалот“ е закажано извлечувањето на четвртфиналните парови.

Можен противник на Брера Струмица ќе биде еден од следните екипи: Вардар, Шкендија, Струга Трим Љум, Арсими, Детонит Плачковица, Силекс и Гостивар.

Четвртфиналето ќе се игра на 26. февруари 2025 година со почеток од 14 часот, а ќе се игра еден меч, победникот патува во полуфинале.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.