Конечно радост за ракометарите на Астраион: Во Струмица беше совладан РК Кичево!

После осум последователни порази за првпат ракометарите на Астраион од Струмица се израдуваа на триумф, откако го совладаа Кичево во спортската сала „Парк“ со резултат од убедливи 37:28, а во рамки на 12. коло на Првата ракометна лига – група А.

Натпреварот Астраион го отвори со водство, а потоа истото се менуваше, за на полувреме струмичани имаат предност од 18:17. Во вториот дел струмичките ракометари доминираа и започнаа да прават сериозна разлика, а на крај триумфираа со високи 37:28.

Васе Наков со осум погодоци беше најдобар кај Астраион, а го следеше Александар Цонев со шест реализации, кај Кичево најдобри со по шест погодоци беа Јован Атанасовски, Стефан Лозаноски и Стефан Стефаноски,

Астраион останува во долниот дел од табелата со два бодови, колку што има токму Кичево, а во следното коло Астраион ќе гостува кај Јехона во Гостивар.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.