![](https://www.strumicacity.com/wp-content/uploads/april/2024/11/Belasica-Bregalnica-13-kolo-2024-2025-1.jpg)
Утре ќе биде одиграно последното 15. коло со што ќе заврши есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига.
Беласица есенската полусезона ќе ја затвори на домашен терен против лидерот Македонија ЃП, во меч каде „лавовите“ ќе бидат фаворити за трите бодови на патот кон експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига, додека пак Беласица ќе се обиде да го изненади лидерот и бодовите да останат во Струмица.
Натпреварот кој ќе се одигра на стадинот „Благој Истатов“ во Струмица ќе го суди Фатмир Бафто од Охрид, а истиот ќе започне во 13 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити