Брера Струмица со пораз од Работнички ги заврши домашните натпревари за 2024 година!

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Екипата на Брера Струмица со 1:3 беше поразена на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, во рамки на 17. коло, кое е претпоследно есенско коло. Ова значи дека Брера Струмица со пораз на домашен терен ја затвара 2024 година, со оглед на тоа дека во последното коло Брера ќе игра против Тиквеш во Кавадарци.

Брера сега го дели шесттото место со Шкупи и Пелистер со по 19 бодови, а во последното коло ќе атакува на три бода во Кавадарци со што струмичани би можеле есенската полусезона да ја затворат највисоко до шесттото место.

Натпреварот Брера против Тиквеш го игра во недела, без присуство на публика, како што веќе информираше Струмица Сити по одлука на ФФМ, а на барање на МВР за сите натпревари од 18. коло, како и мечевите од 17. коло кои се играа без присуство на публика.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.