Брера Струмица утре на „Благој Истатов“ во Струмица го пречекува Работнички

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Брера Струмица утре на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица го пречекува тимот на Работнички, во рамки на 17. коло на Првата македонска фудбалска лига, коло кое требаше да се одигра во неделата, но беше одложено за утре.

Натпреварите од 17. коло и 18. коло на Првата лига ќе се одиграат пред празни трибини, на барање на Министерството за внатрешни работи поради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари., а за што комисијата за натпреварување на ФФМ ја донесе одлуката за празни трибини до крајот на есенската полусезона.

Тоа значи дека на стадионот „Благој Истатов“ присуство на публика ќе нема, па Брера Струмица без поддршка од навивачите ќе се обиде да дојде до триумф над Работнички, кој пак во Струмица се надева на позитивен резултат.

Натпреварот се стартува во 13 часот, а правдата ќе ја дел Крумислав Ѓоргиев од Штип.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.