Брера в недела на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе го пречека Работнички, во меч кој е последен на домашен терен за струмичани.
Во рамки на 17. коло на Првата лига Брера ќе бара три бодови против Работнички, кој исто така во Струмица ќе сака да извлече позитивен резултат во трката за титулата во фудбалската елита на Македонија.
Неизвесен меч кој може нијанси да го одлучуваат, повеќе од јасно е дека ќе гледаме борба и на двете екипи кои ќе сакаат да ги освојат сите шест бодови колку што се во игра до крајот на есенската полусезона.
Крумислав Ѓоргиев ќе ја дели правдата на „Благој Истатов“, а мечот стартува во 13 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити