ФК Беласица: Во завршна фаза се преговорите со нов турски инвеститор!

Второлигашот Беласица од Струмица се огласи преку соопштение по повод шпекулациите кои изминаиот период кружеа околу превземање на струмичкиот второлигаш од страна на туриски инвеститори.

Како што се вели во соопштението на струмичката фудбалска гордост одредени преговори кои ги имале завршиле неуспешно, бидејќи како што се вели барања на инвеститорите не оделе во интерес на ФК Беласица.

Но, како што се вели сега се во завршни преговори со нов турски инвеститор.

„Фудбалскиот клуб Беласица се обраќа до цела спортска јавност во врска со нецелосните шпекулации кои деновиве кружеа на социјалните мрежи во врска со новите сопственици. Сакаме да ве информираме а и да потврдиме дека преговори се водеа со повеќе турски инвеститори, со имињата на споменатите луѓе на повеќе социјалните медиуми течеа долги преговори, но после се беше одлучено да не се прифатат нивните барања затоа што не одеа во интерес на ФК Беласица. Во моментов преговорите продолжуваат и клубот се насочи кон тие кои што уште на почеток беа најсериозни и најискрени во нивните намери за ФК Беласица, преговорите се при самиот крај исто така со турски инвеститор кој е сопственик на една од поголемите компании која се занимава со градежништво и е акционер во повеќе спортови и спортски клубови низ Турција. Сите детали околу официјалното потпишување на договорот ќе бидат наскоро, и ќе бидат споделени најпрво на нашата официјална фејсбук страна и нашиот Инстаграм профил.“

Беласица оваа сезона во Втората лига стави акцент на млади играчи и со нив бележи одлични резултати, веќе утре Беласица ќе гостува во Велес кај Борец, а во рамки на 14. коло на Втората лига.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.