Шампионот Струмица доминира во Првата машка одбојкарска лига откако запиша осум од осум и со тоа е на врвот од табелата со 24 бодови на своето конто.
Перфектна сезона играат одбојкарите на Струмица, кои сакаат двојна круна оваа сезона.
На последниот меч одигран во рамки на 9. коло екипата на Струмица во спортската сала „Видое Подгорец“ во Струмица ја декласираше екипата на Македонија Џио со резултат од 0:3 во сетови.
Првиот и вториот сет завршија со 13:25, а пак третиот сет со 15:25.
Во следното коло Струмица е игра против екипата на Сушево како голем фаворит.
Александар Ванев, Струмица Сити