Се комплетираше есенската полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток, со одигрување на деветте кола, а токму во последното есенско коло на стадионот „Кукуш“ се одигра третолигашкото струмичко дерби меѓу Тиверија и Хоризонт Турново.
Овој натпревар требаше да се одигра на општинското игралиште со вештачка трева во Струмица, но поради презафатеност на теренот, истиот се одигра на стадионот „Кукуш“ во Турново.
Млади фудбалери од Струмица и струмичко во двете екипи, одличен натпревар со многу шанси, но и погодоци. Погледнете го во целост овој натпревар.
Тиверија презимува на последното место на табелата во Трета лига – Исток со шест бодови на своето конто, а пак Хоризонт Турново на третото место со 15 бодови.
Во следниот период ќе ви овозможиме да погледнете повеќе натпревари на Тиверија и Хоризонот Турново, како единствени екипи од струмичиот крај кој настапуваат во Трета лига – Исток.
Александар Ванев, Струмица Сити