Нов пораз за ракометарите на Астраион, струмичани претрпеа тежок пораз од Металург РА

Екипата на Астраион го запиша осмиот пораз и со тоа заедно со екипата на Преспа Вардар од Ресен се единствените екипи кои немаат триумф и позитивен резултат во тековната сезона од Првата ракометна лига.

Струмичани изминатиот викенд претрпеа тежок пораз на гостување во Автокоманда кај екипата на Металург РА со резултат од 49:25, во рамки на 10. коло

Фаворитот победата ја најави, но и ја потврди уште во првиот дел кога резултатот беше 22:9, со што во вториот дел Металург РА само формално ја потврди високата и убедлива победа.

Нема и што да се додаде за самиот натпревар, освен тоталната доминација на Металург РА против струмички Астраион. Лука Савовски со девет погодоци беше најдобар кај Металург РА, а пак кај Астраион најдобар со 11 погодоци беше Кире Георгиев и практично тој беше најсветлата точка за струмичани на овој меч.

Металург РА е трет со 13 бодови, а пак Астраион е последен без ниту еден бод во рамки на групата А на Првата ракометна лига.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.