Фудбалерите на Брера Струмица утре во рамки на вонредното 16. коло на Првата македонска фудбалска лига гостуваат во Гостивар каде ќе се соочат со екипата на Беса.
Меч во кој двете екипи силно атакуваат на трите бодови со цел враќање на победничките патеки, но и собирање на бодовна залиха за пролетниот дел. Брера на последните пет натпревари е во форма со три порази, едно реми и една победа, додека пак Беса нема триумф на последните пет натпревари односно има три порази и само едно реми.
Трите бодови им се важни со цел зацврстување во средишниот дел од табелата. Брера сега е на делба на шесттото место заедно со екипите на Шкупи и Пелистер со по 16 бодови, додека пак Беса е на деветтото место со 13 бодови.
Овие две екипи трипати се соочиле меѓусебно, првото било на пријателски меч каде Беса со минимални 1:0 славеше над Брера Струмица, на второто соочување во рамки на Прва лига екипата на Брера беше подобра со 3:2 од Беса, а пак во Купот на Македонија екипата на Брера беше подобра со 2:0 во однос на Беса.
Натпреварот во Гостивар ќе го суди Игор Стојчевски од Скопје, а натпреварот ќе започне во 13 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити