Јордан Серафимовски во тимот 200 на Беласица!

Струмичанецот Јордан Серафимовски ги закачи копачките на клип и се посвети на тренерските води. Тој е легенда на Беласица, влезе во тимот 200-та, а Беласица не го заборава својот поранешен играч.

Пред вчерашниот натпревар во 13. коло на Втората лига меѓу Беласица и Брегалница, Серафимовски доби врамен дрес со бројот 200, толку натпревари одигра Серефимовски за Беласица.

„200 натпревари пожртвуваност, вложен труд во плаво белиот дрес кој значи живот“, кратко истакнаа од ФК Беласица.

Серафимовски сега е тренер во младинските категории на Беласица и пополека навлекува во тренерските води.

33-годишникот во својата кариера покрај за Беласица настапуваше и во Силекс и Тиверија. Во својата кариера има настапувано како во Втората, така и во Првата македонска фудбалска лига.

Со екипата на Силекс во сезона 2020/2021 го освои Купот на Македонија.

Јордановски остава голема трага како фудбалер во Беласица и струмичкиот фубдал, пример за многу млади фудбалери кои треба да го следат.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.