Струмичка Беласица со минимални 0:1 загуби од Брегалница во дербито на Истокот од 13. коло во Втората лига, но овој меч го одбележа еден според момент, како што веќе објави Спортска Мрежа, односно дали Беласица беше оштетена за пенал?
Во 23. минута од натпреварот при 0:0 ситуација во шеснаесетникот на Брегалница, на што реагираа фудбалерите на Беласица, но главниот судија Боби Величков не досуди удар од белата точка.
Еве го тој момент од 23. минута, проценете сами дали имаше елементи за најстрога казна и дали реакцијата на фубдалерите на Беласица во тој момент беше исправна за тоа што не добија пенал?
Течеше 23. минута кога по еден прекин топката дојде во шеснаесетникот и заврши во раката на Галевски, но и покрај тоа, судиската тројка на чело со Боби Величков не покажа на белата точка, иако играчите на Беласица простестираа.
СПОРЕД МОМЕНТ НА МЕЧОТ БЕЛАСИЦА – БРЕГАЛНИЦА, ИМАШЕ ЛИ ПЕНАЛ ЗА СТРУМИЧАНИ?
Александар Ванев, Струмица Сити