Утре ќе бидат одиграни натпреварите од вонредното 14. коло на Првата женска фудбалска лига, а во рамки на истото непоразениот лидер Тиверија Брера ќе биде домаќин на Скопје, во меч каде струмичанки ќе бидат фаворити за трите бодови.
Натпреварот ќе се одигра на општинското фудбалско игралиште со вештачка трева во Струмица, а овој натпревар ќе биде и дерби на колото со оглед на тоа што играат првиот и четвриот на табелата, а Скопје покажува одлични резултат во тековната сезона, во однос на остатите три натпревари каде има изразита разлика во квалитетот.
Ирена Велевачкоска од Прилеп ќе биде задолжена да ја дели правдата на натпреварот кој ќе започне во 14 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити