Ракометарите на струмички Астраион по седум одиграни натпревари во Првата ракометна лига – група А и натаму немаат позитивен резултат, имаат седум порази од толку натпревари и се наоѓаат на дното од табелата без ниту еден освоен бод.
Дополнително статистички Астраион е најлошиот тим во групата А од Првата ракометна лига, покрај тоа што тимот е на дното од табелата има најмалку постигнати погодоци само 175, а примени дури 253 погооци со гол разлика од минус 78.
Низ овие седум натпревари тоа во просек би било дека Астраион постигнува по 25 погодоци, а прима во просек по 36 погодоци.
Ако се спореди и со групата Б каде на дното е Преспа Вардар од Ресен, исто така без бодови, Астраион е полош и од овој тим. Тимот од Ресен има постигнато 179 погодоци во однос на 175 на струмичани, додека пак Преспа Вардар има примено 253 погодоци како и тимот на Астраион.
Во следното коло Астраион ќе игра против Метарлуг РА во Автокоманда, шансите за позитивен резултат и први бодови се сведени на минимум, бидејќи тимот од Автокоманда е голем фаворит.
Александар Ванев, Струмица Сити