Непоразениот лидер Тиверија Брера, со сигурни 1:3 славеше над Топ Гол и победнички се прошета низ Битола, во рамки на 13. коло од Првата женска фудбалска лига.
Топ Гол преку Анастасиа Илиевска прв дојде до водство уште во 18. минута, а до крајот на првиот дел Билјана Панеска и Теона Галабовска постигнаа два брзи погодоци за 1:2 на полувреме и резултатски пресврт за водство на Тиверија Брера.
Во вториот дел Топ Гол се обидуваше и правеше напори, а сите дилеми ги реши Бразилката Тчеури Харуми Гоја.
Тиверија Брера сега е на врвот од табелата и ита кон титула во Првата женска фудбалска лига, откако шампионот Љуботен загуби од Каменица Саса со 2:1, резултат кој му одговараше на струмичкиот прволигаш.
Александар Ванев, Струмица Сити