Тиверија Брера обезбеди следна фаза од Купот на Македонија во женска конкуренција, откако струмичкиот прволигаш го „здроби“ охридскиот второлигаш Билјанини Извори со убедливи и превисоки 21:0. Повеќе од јасна беше победата, но и секако квалитетот на страната на струмичкиот прволигаш, резултатот донекаде и беше очекуван.
Ива Јосифива и Розита Пецева постигнаа по четири гола, хет-трик постигна Павлинка НИколовска. двојни стрелци беа Ане Бошеска, Викторија Недева, Слаѓана Ѓорѓиева, а два гола даде дури и голманката на Тиверија Брера, Викторија Панчурова. По едне гол постигнаа Стефанија Божинова и Ивана Илиева.
Со овој триумф екипата на Брера Струмица патува во четвртфиналето од Купот на Македонија.
Александар Ванев, Струмица Сити