Струмица слави голема победа во одбојкарското дерби над Штип УГД

ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија

Петтата рунда од Првата одбојкарска лига во машка конкуренција го донесе големото дерби меѓу освојувачот на Купот на Македонија, Штип УГД и актуелниот шампион Струмица, каде со 1:3 во сетови Струмица беше подобра, во натпревар кој се одигра во Штип.

Првиот сет во „Јордан Мијалков“ го доби Струмица со 17:25, а пак во вториот сет штипјани беа подобри со тесни 25:23. Во третиот сет Струмица доминираше на теренот и сетот го освои со 12:25, а пак во четвриот сет се обид Штип УГД да пружи отпор, но немаше сили, Струмица го доби и тој сет со 20:25.

Штипските одбојкари го впишаа првиот сезонски пораз и сега се на третото место со 12 бодови на своето конто, а пак Струмица е втора со 12 бодови, но има и натпревар помалку во однос Борец кој со четири победи и еден пораз и 14 бодови е прв.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.