
Брера Струмица денес гостуваше во Тетово кај Шкендија во рамки на 14. коло од Првата лига и доживеа пораз со 4:3.
Шала и Рамадани погодија за 2:0, а во финишот на првиот дел Ристовски даде гол за 2:1. На стартот од вториот дел Ивковиќ даде гол за 2:2, но брзо веќе во 53. минута Адеми стрелаше за 3:2, а пак Крстевски за 4:2. Во 76. минута од натпреварот Ивковиќ со втор гол ги постави конечните 4:3.
Брера Струмица има 15 бодови и се наоѓа на осмото место на табелата, а во следното коло кое се игра на 24. ноември Брера дома ќе игра против шампионот Струга. Целата табела од Прва лига вие е достапна овде.
Александар Ванев, Струмица Сити