Хоризонт Турново во финишот остана без три бода, реми против Ударник!

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Поранешниот прволигаш Хоризонт Турново во судиското надополнување остана без три бодови, откако одигра реми од 1:1 против Ударник од Пирава.

Искусниот Сашко Пандев по две минути игра постигна гол за 1:0 и водство на Турново, а во 91. минута Елдан Шата погоди за конечни 1:1 и огромна радост за гостинот од Пирава за освоениот бод против некогашниот прволигаш кој беше и вицешампион на Македонија и играше во Европа.

Во следното коло Хоризонт Турново во Струмица ќе игра локално дерби против Тиверија, тоа ќе биде дерби на Турново кој го дели четвртото место со 12 бодови и Тиверија која со шест бодови е на осмото место.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.