Тиверија претрпе нов пораз, овој пат во Берово од Малеш

Струмичкиот третолигаш Тиверија загуби на гостувањето во Берово од екипата на Малеш со резултат од 3:1, а во рамки на 8. коло од Трета лига – Исток.

На полувреме домашниот тим со голот на Матеј Левков имаше предност од 1:0 на полувреме, а во вториот дел Никола Трајков во 55. минута израмни на 1:1. До крајот на мечот Пачарски и Спенџарски постигнаа погодоци за конечни 3:1 со што трите бодови останаа во Берово.

Во следното коло Тиверија во Струмица ќе игра локално дерби со Хоризонт Турново, со што ќе се затвори есенската полусезона.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.