Брера Струмица загуби на домашен терен од Силекс

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Екипата на Брера Струмица го доживеа шестиот сезонски пораз откако денес загуби од Силекс со минимални 0:1 на домашен терен.

Тимот од Кратово до овој триумф дојде со раниот гол на Бојан Рајков, со што Силекс сериозно се вмеша не само за место во Европа туку и за титула.

Брера сега е на седмото место на табелата со 15 бодови на своето конто, а во следното коло струмичкиот прволигаш ќе игра во гости против Шкендија во Тетово, што практично ќе биде навистина тешко за струмичани да дојдат до петтата сезонска радост.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.