Тиверија победа ќе бара во Берово против Малеш

Во рамки на претпоследното осмо коло од Трета лига – Исток струмичка Тиверија ќе гостува во Берово каде против Малеш ќе бара трета сезонска победа.

По седум одиграни кола Тиверија има само две победи и пет порази, со што на своето конто има шест бодови и се наоѓа во долниот дел од табелата односно на седмото место. Малеш е место погоре односно на шесттото место со седум бодови, па ова ќе биде дуел за победа која ќе овозможи екипите да презимат повисоко на табелата.

Натпреварот кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Берово ќе започне во 13 часот, а задолжен за да ја дели правдата ќе биде главниот судија Александар Ананиев од Кочани.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.