В недела екипата на Хоризонт Турново на домашен терен, на стадионот „Кукуш“ ќе го пречека „фенерџијата“ Ударник од Пирава, во натпревар од 8. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток.
Всушност, ова е претпоследно коло од есенската полусезона, а во кое Турново ќе бара четврто славје, а пак Ударник сака само втор сезонски триумф во обид есенскиот дел да го заврши на некое погорно место на табелата, односно да не биде последен.
Турново ќе биде фаворит од повеќе аспекти, квалитетен тим, домашен терен и домашна публика, а мечот ќе стартува во 13 часот.
Правдата на истиот ќе ја дели Блаже Петковски од Миравци.
Александар Ванев, Струмица Сити