Утре се играат натпреварите од вонредното 10. коло од Втората фудбалска лига, а во рамки на истото Беласица ќе има незгодно гостување кај разнишаниот Скопје на „Железарница“ во Автокоманда, практично ова ќе биде соочување на два поранешниот прволигаши.
Скопје не тргна во новата сезона според планот има скор од само една победа во девет натпревари, дури шест ремија и два порази, па „пиратите“ имаат само девет бодови и се наоѓаат на делба на 11-тото место.
Беласица е нешто подобра, со две победи, шест ремија и еден пораз и на своето конто струмичани имаат 12 бодови, доволни за осмо место на табелата и златна средина.
Трите бодови ги посакуваат и двете екипи, а токму овие три бодови кои им се во игра веќе утре може да има донесат прогрес на табелата.
Натпреварот ќе стартува во 13 часот, а задолжен за правдата во Автокоманда ќе биде Боби Величков од Велес.
Александар Ванев, Струмица Сити