Во рамки на седмата рунда од Трета лига – Исток екипата на Тиверија на домашен терен во Струмица доживеа дебакл откако загуби од Овче Поле со 0:4. Стојановски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Андроников и Нацев.
Тиверија се спушта во долниот дел од табелата сега е на осмото место со шест бодови на своето конто, со скор од само две победи и пет порази. Ниту стастичките не е најдобра Тиверија, која има постигнато десет погодоци, а има примено дури 21 гол на овие седум натпревари.
Во следното коло Тиверија ќе гостува во Берово кај Малеш, а во рамки на 8. коло во Трета лига – Исток.
Александар Ванев, Струмица Сити