Брера Струмица доживеа висок пораз од Гостивар на „Борис Трајковски“ во скопско Маџари со резултат од 4:1 од 11. место од Првата фудбалска лига.
Мартин Ѓоргиевски постигна гол за водство на Брера од 0:1 по 13 минути игра, а потоа Огузхан и Џало Балде направија пресврт од 2:1 на полувреме. Во вториот дел Ивановски и Симоновски постигнаа погодоци за конечни 4:1 со што Гостивар се враќа на победничките патеки, а Брера претрпе висок пораз.
Гостивар е четврти со 20 бодови, колку што има Силекс кој е трет и Шкендија која е втора, а пак Брера има 12 бодови и се наоѓа на осмото место колку што има и Пелистер.
Александар Ванев, Струмица Сити