Беласица стигна до второто сезонско славје и тоа во низа откако славеше над Осогово на домашен терен со минимални 1:0.
Погодокот го постигна Александар Милушев од пенал, со што струмичани на своето конто имаат 12 бодови.
Натпреварот како и што најавивме на Струмица Сити беше тежок, неизвесен, борбата за трите бодови беше голема, и двете екипи бараат триумф и три бодови со цел прогрес на табелата. На крајот струмичани беа тие кои се радуваа на трите бодови.
Беласица со 12 бодови дојде до осмото место на табелата односно во златната средина на табелата, а веќе утре може да дојде до нов скок на табелата.
Александар Ванев, Струмица Сити