
Поранешниот прволигаш Хоризонт Турново в недела во рамки на 7. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток ќе гостува во Берово каде ќе се соочи со Малеш во меч каде гостинот од Турново ќе биде фаворит за трите бодови.
Малеш не започна баш најдобро во новата сезона, потоа успеа некако да слави над Карбинци и со тоа да дојде до четири бодови на своето конто со скор од една победа, едно реми и четири порази, додека пак Хоризонт Турново е во далеку подобра форма, поголем квалитет и тоа го прави Хоризонт Турново да биде голем фаворит за трите бодови.
Екс прволигашот се наоѓа на третото место со 11 бодови во Трета лига – Исток и со скор од три победи две ремија и еден пораз.
В недела на Градскиот стадион во Берово правдата ќе ја дели Иван Јанев од Штип, а мечот ќе започне во 14 часот.
Александар Ванев, Спортска Мрежа