
В недела во рамки на 7. коло од Трета лига – Исток во Струмица ќе се сретнат Тиверија и Овче Поле од Струмица, во меч каде трите бодови се императив и на двете страни. Тиверија сака победа, сака три бодови со цел да може да се искачи кон горниот дел од табелата, а од друга страна Овче Поле сака победа и три бодови со цел да може да го следи чекорот на лидерот и фаворит Слога Виница.
Тиверија досега имаше само две победи од шест натпревари и има шест бодови на своето конто, во однос на Овче Поле кој е на второто место на табелата со 13 бодови пет помалку од лидерот од Виница.
Главен судија во Струмица ќе биде Борче Коцев од Радовиш, а мечот кој ќе се одигра на општинското игралиште со вештачката трева во Струмица ќе започне во 14 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити