В сабота од 17:30 часот во струмичката спортска сала „Парк“ екипата на Астраион ќе се соочи со ланскиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 кој во Струмица ќе биде голем фаворит за двата бодови и нов триумф.
Битолчани лани испаднаа од Суперлигата, а сега во Првата лига важат за први фаворити за експресно враќање во Суперлигата. Ќе биде повеќе од тешко за Астраион, повеќе од реално е дека бодови струмичките ракометари нема да видат, квалитетот е огромен, па повеќе Астраион би требало да прави стратегија да не загуби со голема разлика.
Натпреварот ќе го судат Иван Јованов од Радовиш и Наум Александровски од Куманово, делегат на мечот ќе биде Зоран Јованоски од Штип.
Александар Ванев, Струмица Сити