Брера в недела има тешко гостување против Гостивар во Скопје

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Брера Струмица в недела ја очекува тешко гостување против Гостивар на „Борис Трајковски“ во скопско Маџари, терен познат за стратегот на струмичани, Горазд Михаилов.

Во меч од 11. коло од Првата лига двете екипи силно ги посакуваат трите бодови. Брера загуби бодови откако одигра 1:1 на дуелот со Воска на домашен терен, но пак во Купот запиша победа над Беса за четвртфинале.

Гостивар обезбеди исто така четвртфинале, но во првенството во претходното коло запиша пораз од екипата на Работнички во дербито на колото.

Двете екипи ќе се соочат в недела од 14 часот во Маџари во дуел за трите бодови, а правдата ќе ја дели Марјан Младеновски од Скопје.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.