
В сабота на стадионот „Благој Истатов“ ќе се одигра мечот меѓу Беласица и Осогово од 9. коло на Втората лига, каде двете екипи ќе водат борба на теренот за втора сезонска победа.
Беласица во претходното стигна дури до првото славје и ќе се обиде да дојде до втора бода со која може да прогреси на табелата, а од друга страна „жетварите“ во Кочани доаѓаат во резултатска криза од која може да излезат само со триумф во Струмица.
Трите бодови се императив и на двете екипи, а правдата на мечот ќе ја дели Фатмир Бафто од Охрид. Стартот на натпреварот е во 14 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити