Брера ја совлада Беса и обезбеди четвртфинале од Купот на Македонија!

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

На стадионот „Благој Истатов“ во Струмица во рамки на осминафиналето од Купот се соочија Брера Струмица и новиот прволигаш Беса од Добри Дол, меч каде двете екипи по еднаш променија тренер, меч каде императивот за следна фаза беше голем и кај едните и кај другите. Исходот беше 2:0 за струмичани кои се пласираа во четвртфиналето.

Натпреварот започна со иницијатива на домашните, но немаше реализација со игра на средина. Првиот дел помина со неколку шанси и на двете страни но без погодоци.

Најголемата шанса Брера ја имаше преку Мато кој биеше одлично, но Захов одлично интервенираше, а потоа и Каланоски имаше своја шанса, но одново Захов читаше одлично.

Во вториот дел Беса беше повеќе конкретна и притискаше за погодок. Брера по притисокот на противникот креираше шанси, но без реализација.

Во финишот на мечот Даниел Миловановиќ постигна гол за водство на Брера од 1:0. Во финишот на мечот Мато имаше шанса, ја испрати топката кон голот на Захов по земја, а тука Каланоски не успеа да ја закачи за нов гол.

Пред самиот крај Мато ги постави конечните 2:0 со што Брера оди во следна фаза.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.