Струмичкиот клуб Академија Нови Таленти утре заминува на силен турнир во Анталија, Турција

Фудбалскиот клуб Академија Нови Таленти од Струмица утре заминува за Анталија, Турција, каде ќе земе учество н силен Меѓународен турнир.

На турнирот Академија Нови Таленти учество ќе земе со генерација 2014.

На турнирот учество ќе земаат екипи од Турција, Македонија, Катар, Казахстан, Јордан, Грузија, Полска, Молдавија, Азербејџан и Узбекистан.

Екипата на Нови Таленти од Струмица ќе биде предводена од тренерите Оливер Христов и Миле Митев. Струмичкиот тим располага навистина одлични фудбалски таленти кои бележат големи успеси на турнири во Македонија и во странство, а на многу силни Меѓународни турнири триумфираат и против големи фудбалски европски гиганти.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.