Ракометарите на Астраион утре во Струмица ја пречекуваат Јехона

Ракометарите на Астраион утре во салата „Парк“ во Струмица, а во рамки на 4. коло од Првата лига ќе ја пречекаат екипата на Јехона од Гостивар.

Астраион има два порази од два натпревари, откако во првото коло екипата беше слободна, а пак Јехона има една победа и еден пораз. Астраион со поддршка од публиката ќе ја бара првата сезонска победа, а пак гостинот од Гостивар во Струмица ќе бара два бодови и нов триумф.

Натпреварот ќе започне во 17 часот, а судиска двојка ќе биде Божидар Јоанов и Пепи Димков од Велес, а пак Марјан Неделковски од Велес ќе биде делегат на средбата во Струмица.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.